Ликерот од мушмули можете да гпо пиете во текот на целата година. За негова подготовка ви требаат 600 гр зрели мушмули, 500 мл ракија (лозова или од сливи) и 250 гр шеќер. Мушмулите добро измијте ги, исушете ги и ставете ги во голема тегла. Ракијата и шеќерот ставете ги во сад па на средно силна температура и загревајте додека шеќерот не се растопи. Прелијте преку мушмулите и затворете ја теглата. Ставете ја на темно, ладно и суво место и во следните седум дена секојдневно протресувајте ја. Потоа ликерот оставете го да мирува најмалку три недели, а потоа можете да го процедите и да го складирате во шишиња.
Нутриционистите велат дека мушмулите се полни со витамин Ц, го креваат имунитетот и штитат од сезонски вируси. Тие го регулираат варењето, нивото на лош и добар холестерол во крвта и ги чистат црниот дроб и бубрезите. Иако не е замена за лекови, овој ликер е одличен додаток во секојдневната исхрана.