Производ што има повеќе железо од спанаќот, го препорачува и Новак Ѓоковиќ

Спирулина е модро-зелена микроалга која го подигнува имунитетот, го чисти организамот и ја поправа крвната слика. Има корисен ефект врз целиот организам.

Еден од најстарите жители на нашата планета е малата модро-зелена алга со спирален облик. Во езерата и океаните живеат повеќе од три милијарди години. Спирулината е алга која во некои делови од светот е позната и како зелена крв. Таа го чисти организмот и ја подигнува енергијата.

Многу древни народи ја користеле за лекување и за зајакнување на организмот. Старите Астеци од неа подготвувале колачи. Денес, најмногу се одгледува на подрачјето на Кина, Австралија и на Хаваи. Кина го снабдува половина од светскиот пазар и ја има прогласено за производ од национален интерес.

Благодарение на високата содржина на протеини, таа се користи во случаите со неисхранетост, особено кај децата во сиромашните земји.

Спирулината е богата со витамини и минерали. Една дневна доза во прав содржи повеќе железо од две чаши спанаќ. По бербата, од неа се прави густа паста, која потоа се суши. Таа се продава во вид на прав, таблета, капсула и таблети.

 

Спирулина ги штити нервите и видот. Содржи зеаксантин, силен антиоксиданс кој има користен ефект врз нервниот систем и очите. Дејствува и кај труењето со тешки метали затоа што ги врзува, а потоа помага во нивното исфрлање од телото. Ефикасна е и против штетното зрачење.

 

Спирулината го потпомага и слабеењето. Таа ја олеснува борбата со вишокот килограми и бргу создава чувство на заситеност. Ја дава потребната енергија, а не содржи шеќер. Експертите предупредуваат дека диетата не смее да се базира исклучиво на спирулината.

Тие велат дека таквиот режим не е здрав и не дава долгорочни резултати. Прекочерувањето на дневните дози може да предизвика нарушување во работата на бубрезите и црниот дроб. Во случај на болест и терапија со лекови, пред земање на спирулината треба да се советувате со лекар.

Спирулината ја забрзува детоксикацијата. Бета-каротинот е најделотворниот нутритиент во борбата против слободните радикали што ги чистат клетките, го забрзуваат стареењето и го зголемуваат ризикот од малигни болести.

Благодарение на оваа состојка спирулината има својство да ги елиминира токсините и другите нечистотии од крвотокот. Им се препорачува на поранешни алкохоличари и на пушачи поради исфрлањето на наталожените отрови.

Позната е и како одлична превентива против воспалителните болести, особено ревматоидниот артритис. Благодарение на детоксикациските својства, таа се користела во поранешниот СССР по нуклеарната катастрофа во Чернобил.

Спирулината го засилува имунитетот. Таа е како вистинска протеинска бомба. Оваа алга е идеална за вегетаријанците и веганите. Истражувањата потврдиле дека има корисен ефект врз здравјето на луѓето, особено во зајакнувањето на имунитетот и во забрзувањето на метаболизмот.

Го намалува холестеролот и го стабилизира шеќерот во крвта. Нутриционистите особено им ја препорачуваат на спортистите, бремените жени и на лицата со ослабен имунитет. Светскиот шампион Новак Ѓоковиќ ги откри благодатите од оваа алга. Вели дека е важен елемент во неговата исхрана.

 

 

Scroll to Top