Намирници кои го нарушуваат сонот

Храната која во текот на денот ја внесуваме во организмот во голема мера влијае врз квалитетот на сонот.

Никој не сака да се пробуди среде ноќ без никаква конкретна причина, а особено кога тоа се повторува од ден во ден. Исхраната игра важна улога во целокупната состојба на организмот, постои храна која може да биде причина за лош и испрекинат сон.

Многу фактори влијаат врз квалитетот на вашиот сон, а храната која ја внесувате во телото е еден од нив. Постојат разни врсти на храна која можат да доведат до тоа да се будите во текот на ноќта доколку ја конзумирате непосредно пред одење на спиење. Тоа е обично случај кога желудникот тешко може да ја свари, или кога таа предизвикува мачнини и киселина.

Пржена храна

Храната со големо количество масти, како прженото пилешко или помфритот, не е паметен избор за исхрана пред спиење. Таа тешко се вари и може да доведе до враќање на киселини во хранопроводот, што е доста непријатно. Ова истото важи и за крофните.

Газирани пијалаци

Кога конзумираме пијалаци кои содржат јаглехидрати, тоа може да доведат до надуеност и притисок во стомакот, поради кои можеме да се пробудиме среде ноќ. Тоа се однесува на сите видови газирани пијалаци.

Сокови

Соковите од овошје како портокал, грејпфрут или ананас имаат висока киселост која никако не му годи на нашиот организам во текот на вечерта и ноќта. Затоа се препорачува конзумирање порано во текот на денот.

Чоколадо

Чоколадото може да нѐ ослободи од стресот и да нѐ опушти, но постои еден фактор поради кој не треба да го јадете пред спиење, а тоа е фактот дека содржи кофеин. Вистина е дека во него нема во толкава мера колку во кафето или чајот, но секако може да предизвика несоница.

Црвено месо

Црвеното месо има корист за организмот, но е доста тежок за варење. За тоа е потребно пренасочување на крвта во дигестивниот систем, а тоа може да предизвика вртење во креветот во текот на целата ноќ (немирен сон).

Шеќер

Шеќер во храната која ја јадете навечер може да влијае на нивото на шеќер во вашата крв, што може да доведе до будење во текот на ноќта и тоа дури и од длабок сон. Без разлика колку може да делува примамливо, избегнувајте шеќер во предвечерието како не би се пробудиле уморни.

Scroll to Top