Протеините се многу важни за телото, за телесните функции и за правилно градење и работа на ткивата. Може да се наречат и тули на нашето тело затоа што му се неопходни да се развива, да ја поправи својата структура, да формира нови структури, да се одбрани и да пренесе информации до нервниот систем.
Без разлика каква исхрана практикувате, протеините се неизбежни макронутриенти ако сакате да го одржите вашето здравје, да го контролирате апетитот и да обезбедите храна за мускулниот систем.
Протеините во храната се состојат од 20 аминокиселини. Препорачаното внесување за возрасни е 10-15 % (најмногу 20 %) од вкупните калории. Од нив, половина мора да бидат од животинско потекло, а половина од растително потекло.
За возрасни лица што не се занимаваат со спорт професионално, просечната потреба е 0,75 g/kg од телесната маса/ден. Потребата е поголема во текот на детството, за време на бременост и доење и кај професионалните спортисти.
Ви нудиме цела листа на продукти богати со протеини, кои мора да се внесуваат без оглед на телесната тежина.
- Грав, обичен и црвен
- Леќа
- Сушени зрна соја
- Бело месо
- Туна
- Јаткасти плодови: ореви, бадеми, индиски ореви, лешници…
- Јагнешко месо
- Јајца
- Нискомаслена моцарела
- Телешки бут
- Јастог
- Кикиритки, путер од кикиритки
- Овесни снегулки
- Киноа
- Чедар
- Сардини
- Брокула
- Урда
- Павлака