Продукти полни со протеини корисни за организмот

Протеините се многу важни за телото, за телесните функции и за правилно градење и работа на ткивата. Може да се наречат и тули на нашето тело затоа што му се неопходни да се развива, да ја поправи својата структура, да формира нови структури, да се одбрани и да пренесе информации до нервниот систем.

Без разлика каква исхрана практикувате, протеините се неизбежни макронутриенти ако сакате да го одржите вашето здравје, да го контролирате апетитот и да обезбедите храна за мускулниот систем.

Протеините во храната се состојат од 20 аминокиселини. Препорачаното внесување за возрасни е 10-15 % (најмногу 20 %) од вкупните калории. Од нив, половина мора да бидат од животинско потекло, а половина од растително потекло.

За возрасни лица што не се занимаваат со спорт професионално, просечната потреба е 0,75 g/kg од телесната маса/ден. Потребата е поголема во текот на детството, за време на бременост и доење и кај професионалните спортисти.

  

Ви нудиме цела листа на продукти богати со протеини, кои мора да се внесуваат без оглед на телесната тежина.

  • Грав, обичен и црвен
  • Леќа
  • Сушени зрна соја
  • Бело месо
  • Туна
  • Јаткасти плодови: ореви, бадеми, индиски ореви, лешници…
  • Јагнешко месо
  • Јајца
  • Нискомаслена моцарела
  • Телешки бут
  • Јастог
  • Кикиритки, путер од кикиритки
  • Овесни снегулки
  • Киноа
  • Чедар
  • Сардини
  • Брокула
  • Урда
  • Павлака

 

 

 

Scroll to Top