Нането лади, а и лечи

Чајот од нане е добар за чистење на усната шуплина, за подобар здив, а во комбинација со малку жалфија го смирува воспалението на непцата.

Доколку имате главоболка намачкајте масло од нане на челото и слепочниците, два пати на ден со лесни и кружни покрети. Чај од нане со идентична количина на глог користете редовно доколку сте срцев болесник.

Нането е добро и за проширени вени – 30 капки масло од нане капнете во алкохол и масирајте
ги проширените вени и капилари.

За време на топлите денови направете чај од нане. Изладете го, додајте малку мед и малку
лимунов сок.

На тој начин на организмот ќе му ги дадете потребните нутриенти од лимунот и медот, а и ќе ги внесете лековитите состојки на нането.

Scroll to Top