Напиток за пролетно чистење на организмот

На почетокот на пролетта, нутриционистите препорачуваат да го исчистите телото од токсини. Пијалакот направен на база на ананас и ѓумбир е еден од најдобрите прочистувачи на организмот, велат тие. За негова подготовка ви требаат 1 шолја ананас – свеж или од конзерва, сок од 1/2 исцеден лимон, 1 лажичка мелен ѓумбир, 1 лажика цимет и 2 шолји вода.

Исечканиот ананас заедно со другите состојки ставете ги во блендер, па добро измешајте. Пијте го напитокот еднаш до два пати на ден.

Scroll to Top