Напивка за слабеење со која побргу се топат мастите

Јаболковиот оцет може да помогне во слабеењето, да го забрза метаболизмот и да го зајакне имунитетот.

Посебна предност при пиење на јаболковиот оцет е фактот дека сите состојки во него се 100 проценти природни. Тој е идеален додаток во исхраната бидејќи не му штети на нашето здравје.

Јаболковиот оцет помага во разградувањето на маснотиите, но остатокот треба да го направиме сами, односно да внимаваме на исхраната. Редовното пиење на оваа напивка го намалува апетитот и го забрзува метаболизмот.

  • Начин на пиење

Секое утро во чаша млака вода се додаваат 2-3 лажички домашен јаболков оцет и се пие на празен стомак. Може да се додаде една лажичка мед, парчиња свежи јаболка и цимет, кој исто помага за забрзување на организмот и е одличен сојузник на јаболковиот оцет за топење на мастите.

Scroll to Top