Напивка кој ќе ве спаси од мамурлок

За време на новогодишните празници многу лица претеруваат со храната и пријалоците, а последиците од прекумерното уживање во храната и алкохолните пијалоци воопшто не се пријатни. За среќа постои напивка кој може да ви помогне и да ве врати во нормала, а  можете да ја  направите самите дома.

Потребни состојки:
– 2 дл /вода

– 2 дл свежо цеден сок од портокал

– ¼ лажица сол

– половина лажица свежо рендан ѓумбир

Измешајте ги сите состојки и напивката пијте ја во помали голтки. Комбинацијата на вода, со витамини и јаглехидрати веднаш ќе ви ја врати изгубената енергија, ќе ја намали мачнината, ќе го прочисти и освежи вашето тело.

Дополнителен совет е да консумирате големи количини на вода, витамин Ц и Б комплекс.

Scroll to Top