Напивка против вируси и настинки: Зелено смути со лековити состојки

Утрото треба да почнува со здрави навики.

Оваа напивка е со лековити својства, посебно помага против вирусите и настинките и го подобрува имунитетот.

Состојки:

-две дланки ​​спанаќ

-две стапчиња целер

-лажичка семе од сусам

-половина зрела банана

-половина зелено јаболко

-лажичка кокосово масло

-лажица семе од чиа

-малку лимета или лимон

-половина лажичка свеж коријандер

Подготовка:

Се чистат свежите состојки и се ставаат во блендер, се додава флаширана вода со висока алкалност и се мешаат. Ова смути најдобро е да се пие на празен стомак, наместо појадок или како замена за вечера.

Го забрзува метаболизмот, со тоа ќе почнат да се топат и килограмите, додека витамините и минералите во него помагаат во одбраната од вируси и настинки.

Scroll to Top