Направете домашен антибактериски гел

Откако Светската здравствена организација објави дека најдобриот начин за заштита од коронавирусот е редовната хигиена, експертите открија како самите да направите антибактериски гел за дезинфекција.

За да направите домашен гел за дезинфекција потребни ви се 2/3 лажици алкохол (најмалку 60%), кој ќе го измешате во поголем сад со 1/3 шолја гел од алое вера и 5-10 капки есенцијално масло по избор. Смесата ставете ја во мало пластично шише. Ако правилно сте го подготвиле антибактерискиот гел, тој може да трае со недели.

Инаку, според податоците за коронавирусот, од него досега се заразиле преку 96,000 луѓе, но излечени се 54,000 од нив. Од коронавирус починале 3,300 луѓе.

Scroll to Top