Направете домашна напивка против настинка

Оваа напивка е замена за популарните прашоци за растворање, а може да ја направите сами без воопшто да одите во аптека. Како што се тврди, оваа напивка е исто толку ефикасна како и оние што ги купувате.

Еве што треба да направите:

Во 1,5 литри зовриена и оладена вода до собна температура додајте една супена лажица крупна сол, сок од еден лимон и 1 грам аскорбинска киселина. Витамин Ц во прав во себе содржи аскорбинска киселина. По желба може да додадете лажица мед. Добро измешајте и испијте го овој раствор во рок од 1,5 часа. По потреба повторете уште еднаш.

Scroll to Top