Направете сами природно масло за сончање

Ако сакате негувана и убава кожа во текот на летото, додека се сончате а и после тоа, направете сами масло за сончање од потполно природни состојки. Се што ви е потребно е:

3 децилитри малиново масло
1 децилитар кантарион
2 моркова

Во тегла изрендајте ги морковите, а потоа прелијте ги со маслиновото и маслото од кантарион. Добро затворете и оставете да отстои неколку денови. Од време на време промешајте ја смесата. Потоа процедете исипајте ја во шише.

Бидете внимателни затоа што ова масло нема висок заштитен фактор, па оние со посветол тен треба да бидат внимателни. Првите неколку дена користете краема со заштитен фактор за да може кожата да се адаптира на сонцето, а потоа можете да го употребите маслото и ќе добиете бронзен тен.

Scroll to Top