Не ја покривајте четката за заби со капаче

Студијата која ја спровело Американското здружение за микробиологија открила дека покривањето на четките за заби е всушност нехигиенски. Изненадени?

Според зборовите на Лаура Абер, „користењето капаче за четките за заби не штити од развој на бактерии, туку создава идеално засолниште за раст на бактериите, спречувајќи главата на четките за заби потполно да се исуши во текот на употребата.“

Секое купатило е малку повлажно од останатите простории (Знаете, долгите топли купки и тушеви, и влагата е овде!). Капачето за четката за заби воопшто не е добра идеја.

Што е со патувањето? Брендот Орал-Б советува да користите капаче кое има многу мали отвори кои добро пропуштаат воздух и овозможуваат четките да се исушат. Меѓутоа, дома, треба четката да ја оставите непокриена. Најдобар начин да ја сочувате четката за заби е во исправена положба.

Не живеете сами? Купете чаша која има одвоени дупки во кои ќе можете поединечно да ги поставите четките за заби како би го спречиле контактот со главите (што е многу нехигиенски).

Scroll to Top