Жените имаат посебни здравствени потреби и грижи кои бараат внимание. Постојат причини кои треба да ве натераат да посетите гинеколог.
Долго време не сте биле – женското тело е сложено и многу е важно да се води сметка за женските потреби, така што треба редовно да се посетува гинеколог.
Проблеми при уринирање – доколку имате проблеми при уринирање, можеби имате уринарна инфекција. Симптомите можат да бидат и болка во стомакот и грбот, и често уринирање. Уринарната инфекција лесно се лекува, но е многу важно да се јавите кај гинеколог.
Габична инфекција – многу жени се соочуваат со габични инфекции. Тие можат да бидат многу здодевни и затоа морате да посетите гинеколог.
Болен сексуален однос – Сексуалниот однос со партнерот не треба да биде болен, а тој проблем го имаат многу жени. За да се реши, треба да се консултирате со гинеколог.
Нередовен циклус – менструалниот циклус може да биде многу фрустрирачки, особено кога доцни. За да не стравувате дали циклусот ви е само нередовен или сте можеби бремени, закажете преглед кај гинеколог.
Сте допреле грутка – доколку сте допреле грутка на дојката, веднаш јавете се кај вашиот гинеколог. Тоа може да биде потег што ќе ви го спаси животот.