Недоволното спиење може да предизвика мозочен удар

Американски лекари направиле студија која покажала дека луѓето што не спијат доволно, имаат поголема веројатност да доживеат мозочен удар, особено ако имаат дијабетес и срцеви болести. На луѓето со овие болести експертите им препорачуваат да спијат најмалку шест часа дневно. Во спротивно, истражувачите тврдат дека веројатноста за смрт од мозочен удар е двапати поголема отколку кај здравите лица кои спијат повеќе од шест часа дневно.

Лекарите до овие заклучоци дошле следејќи ја состојбата на 1.344 мажи и жени, а меѓу нив издвоиле и ризична група луѓе – луѓе со висок индекс на телесната маса, зголемено ниво на холестерол и висок крвен притисок.

Истражувањето на американските лекари траело 16 години.

Scroll to Top