Некои од симптомите на рак што ги игнорираме

Светските податоци покажуваат дека ракот е најголемиот причинител за смртност меѓу населението. Иако симптомите на оваа болест не вклучуваат болки во почетните фази, постојат неколку симптоми што ги игнорираме, а можат да укажат на тоа дека треба да посетиме лекар за да направиме дополнителни испитувања.

Модринки или крвавење на носот

Ова покажува дека нешто лошо се случува на тромбоцитите и црвените крвни клетки, што може да биде знак за леукемија. Со текот на времето, клетките ги уништуваат црвените крвни зрнца и тоа ја намалува способноста на крвта да носи кислород.

Слабост и замор

Ова е вообичаено и за лицата што немаат рак. Затоа треба да внимавате и на другите симптоми што се појавуваат. Но, ако чувствувате дека сте постојано уморни без причина, треба да се консултирате со лекар.

Хронично кашлање или болка во градите

Многу видови рак, вклучувајќи леукемија и рак на белите дробови, може да покажат симптоми слични на бронхитис или на силна кашлица, па во прв момент да не се посомневате на рак. Некои болни пациенти рекле дека освен хроничното кашлање, имале болка и во градите која се протегала до рамото на рака.

Постојана температура или инфекција

Температурата која не се симнува со недели може да укаже на леукемија. Леукемијата предизвикува огромно зголемување на белите крвни клетки, а тие го ослабуваат телото и ја намалуваат способноста на телото да се бори против инфекциите.

Екстремно болни циклуси или крвавења помеѓу циклусите

Многу жени велат дека ова е еден од симптомите за рак на матката. Ако имате екстремно болни менструални циклуси, потребно е да направите ултразвук.

Проблеми со голтањето

Ако подолго време не можете да голтате, ова може да биде ран знак на рак на белите дробови.

Отечени лимфни јазли или грутки во вратот, пазувите или препоните

Ова укажува на промените во лимфниот систем, што може да биде знак на рак. Според лекарите, грутките и отечените лимфни јазли се најочигледниот показател за рак на градите.

Надуеност или зголемување на телесната тежина во стомакот

Жените кои имаат рак на јајчници велат дека често имале необјаснет оток кој се појавил одеднаш и траел долго. Тие велат дека немаат апетит и не можеле да јадат дури и кога не јаделе долго време.

 

Scroll to Top