„Носи маска, спаси живот“: лица со попреченост покажаа дека нема изговори

Одлична кампања на лица со телесен инвалидитет, во која покажаа дека нема изговори кога треба да се носи заштитна маска.

Во кампањата се вклучени неколку лица што имаат разни телесни попречености. Но, секој од нив најде начин и со недостатокот што го има да ја стави заштитната маска. Пораката е дека нема изговори за неносење на заштитните маски, кои се прва мерка во заштитата од коронавирусот.

„Не правдај ни се, ако и јас можам да ја ставам маската, можеш и ти! Носи заштитни маски, спаси живот!“, зборуваат лицата во видеото.

Scroll to Top