Новиот вид на коронавирус од Велика Британија, пристигнал во Србија

Новиот вид на коронавирус кој првпат се појави во Велика Британија, пристигнал и во Србија. Ова го изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а го пренесоа српските медиуми.

Вучиќ вели вирусот го донела патничка од Лондон и дека веднаш бил известен министерот за здравство Златибор Лончар.

„Патничка од Лондон, која беше негативна на PCR тестот, го донесе тој вид. Нејзиниот сопруг имаше сериозни симптоми“, истакна Вучиќ за ТВ Прва и додаде дека ги испитале сите контакти на таа жена и се обиделе да ги изолираат.

„Ги следевме сите контакти, ги изолиравме и можем да кажем дека постои надеж дека може да го спречиме. Во спротивно, ќе ни се случи пекол“, изјавил Вучиќ, додавајќи дека вирусот е откриен на институтот „Торлак“.

Вучиќ очекува денеска да бидат вакцинирани до 50.000 лица, како и дека Србија веќе од утре би можела да биде третата држава во Европа според бројот на вакцинирани на 100.000 жители.

Според министерката за труд, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, во Србија денеска продолжува масовната вакцинација и досега се вакцинирани над 172.000 лица.

Scroll to Top