Британските научници откриле дека оревите го намалуваат апетитот и дека една рака ореви дневно може да влијае на намалување на телесната тежина, пишува Daily Mail.
Тие во текот на истржувањето првпат воочиле врска помеѓу консумирањето ореви и покачувањето на нивото на серотонин (хормон за среќа) и позитивното дејство врз срцето.
Истражувачите од Универзитетот во Барселона исто така наведуваат дека е многу здраво да се јадат јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници) најмалку една рака дневно.
Консумирањето на овие јаткасти плодови е многу здраво, затоа што содржат здрави маснотии и антиоксиданси, кои според стручните лица, помагаат во намалување на вишок килограми, спречуваат појавување на дијабетес тип 2 и срцеви заболувања.