Сите се сложуваат дека најголемиот проблем на диетата е што луѓето за кусо време ги враќаат килограмите, оти не се придржуваат до режимот на исхана што го имале претходно. Едно испитување покажало дека секој може да ослабе, и тоа без диета, а со бел грав. Научниците откриле дека состојката фазеоламин што ја има во белиот грав блокира дел од јаглехидратите и ги исфрла од телото. На тој начин се внесуваат помалку калории. Затоа, препорачуваат да се исфрлат шеќерите (освен природните), газираните пијалаци и лебот, а барем два пати неделно да се јаде бел грав за да се поттикне процесот на слабеење по природен пат.
Тие советуваат пред да почнете да слабеете треба да дознаете што ве дебелее. Јаглехидратите се најголемиот виновник за вишокот килограми. Прекумерниот внес на јаглехидрати при секој оброк се претвара во масни наслаги кои се таложат во телото, а потоа тешко се симнуваат.