Ако сакате да ослабете, а не сакате да вежбате ни да држите диета, тогаш можете да се придржувате до пет правила што ви ги советуваат нутриционистите. Резултатите нема да ги забележите брзо како со диетата, но сепак нема да изостанат.
1. Јадете многу протеини
Протеините го го намалуваат чувството на глад и помагаат да внесувате помалку калории. Тие делуваат на неколку хормони што играат важна улога кога станува збор за ситоста и за гладот. Едно истражување покажало дека зголемувањето на внесот калории од 15 на 30 % им помогнало на луѓето да внесат 440 калории помалку дневно и да изгубат во просек 5 килограми за 12 недели, без рестрикции во храната. Затоа, нутриционистите за појадок препорачуваат јајца. Дебелите жени што појадувале јајца внеле помалку калории за ручек, но и во наредните 36 часа. Храна богата со протеини се пилешко месо, говедско месо, риба, кисело млеко, јогурт, сирење, грав, леблебија и слично.
2. Пијте многу вода
И водата помага да слабеете, особено ако пиете вода пред да јадете. Едно истражување покажало дека луѓето што пијат половина литар вода 30 минути пред јадење чувствуваат помалку глад и внесуваат помалку калории. Тие што во текот на истражувањето пиеле вода пред јадење изгубиле 44% повеќе телесната тежина во текот на 12 недели во однос на оние што не пиеле вода.
3. Спијте доволно и избегнувајте стрес
Луѓето често ги занемаруваат квалитетниот сон и стресот, два фактори кои влијаат многу на апетитот и на тежината. Недостатокот на сон негативно влијае на хормоните кои влијаат на апетитот. Нивото на кортизол се зголемува ако сте под стрес. Промената на овие хормони го зголемуваат чувството за глад и желбата за нездрава храна. Тоа на крајот резултира со внесување многу калории. Хроничниот недостаток на сон и стресот можат да доведат до многу болести, меѓу кои дијабетес тип 2 и дебелина.
4. Јадете бавно
На мозокот му треба време да регистрира дека сте се најале. Ако јадете бавно, ќе внесувате помалку храна, помали порции и ќе ви се зголеми чувството на ситост. Колку побрзо јадете, толку повеќе јадете, покажало едно истражување, па толку побрзо се дебелеете.
5. Јадете храна богата со влакна
Ако јадете храна богата со растителни влакна подолго време ќе бидете сити. Влакната помагаат и во намалувањето на вишокот килограми. Тие се претвораат во гел кога ќе дојдат во контакт со вода, а тој гел го забавува празнењето на желудникот. Храна богата со влакна се билките, портокалите, семињата и слично.