Ослободете се од болката и отоците на нозете

Ако навечер имате впечаток дека нозете ви тежат еден тон и ова чувство го имате подолго време, телото ви сигнализира дека нешто се случува со него. Болки во зглобовите, отечени зглобови, чувство на оловни нозе – овој проблем ја погодува секоја петта личност на светот, а се јавува подеднакво и кај мажите и кај жените.

Вашите вени не работат добро

Доколку вените не работат добро обично имате оток околу зглобовите кое се јавува во утринските часови. Ако ви отече само едната нога, чувствувате болка под колената и имате грчеви, ова е чест симптом за проширени вени што може да доведе до тромбофлебитис однозно венска тромбоза. Консултирајте се со лекар кој ќе ви даде совет за соодветна терапија.

Седите или стоите предолго

Ако долго стоите или седите, вашите мускули и вени не работат како треба. Притисокот во крвните садови е појачен, а нозете отекуваат. Доколку го имате овој проблем, станувајте почесто и размрдувајте ги нозете. Честото одете по скали најмногу помага.

Ова е само симптом на ПМС

Зголеменото ниво на прогестерон во оваа фаза од циклусот го предизвикува задржување вода во организмот. Ќе ви помогне чајот од бреза, затоа што делува против отекување. Проблемот се решава со добро избрана терапија, препишана од лекар.

Користите одредени лекови

Отекувањето може да го предизвикаат и некои лекови, но и оралните контрацептиви (прашајте експерт од оваа област да ви даде поинаков препарат).

 

Не поднесувате топлина

Под влијание на високите температури во крвните и лимфните садови се зголемува притисокот, течноста поминува низ ткивото низ васкуларниот ѕид и затоа доаѓа до отекување. Ќе ви помогне ако се разладите со купки и испиете повеќе вода.

Премногу сол во исхраната

Вишкот сол во исхраната го зголемува отекувањето, затоа што натриумот ја задржува водата, посебно ако телото е дехидрирано. Ограничете ја солената храна и пијте повеќе течности (најмалку 2 литри вода), проблемот треба да исчезне.

Бубрезите се проблем

Причинител за оток на нозете може да биде и хронична болест на бубрезите. Ова може да се исклучи или потврди со основна анализа на крвта, во договор со вашиот лекар.

Без разлика на причините, отекувањето и болката во нозете може да се смали ако ги кренете нагоре. Важно е да бидат на повисока положба од колковите. Ако работите со седење, ставете ги нозете на платформа, врз картонска кутија, на пример. Одморајте, лежете на едната, па на другата страна, пуштете ја крвта слободно да циркулира, ставете перница под нозете навечер. Помагаат и ладните солени купки и масло од рузмарин – тоа ќе ја ублажи болката и ќе ја освежи кожата, а солта ќе ја подобри цирклулацијата.

Scroll to Top