Печеното јаболко е најдобар лек за грло

Печените јаболка се одличен лек против болно грло, а кога ги јадете најважно е да не бидат жешки, туку умерено топли, вели професор Хадемар Банкхофер, експерт за здрава храна и исхрана од Виена.

„Проблемите со болното грло може да се намалат со три печени јаболка, кои треба да се јадат едно по друго. За време на печењето, во јаболката се создаваат посебни соединенија на ензими и биоактивни супстанции. Овие соединенија во слузницата на устата, грлото и гласните жици ја активираат способноста на телото само да се излечи“, тврди професорот Банкхофер.

Scroll to Top