Печурки против холестерол

Консумирањето на само 100 гр печурки дневно само една недела го намалува нивото на холестерол за 12 проценти, покажаа научните студии.

Истовремено, група испитаници кои во истиот период јаделе околу 60 гр путер дневно, го зголемиле холестеролот за дури 14 проценти. А контролната група која консумирала иста количина  путер во комбинација со 100 гр печурки го намалила холестеролот за 4 проценти. Врз основа на тие резултати заклучено е дека печурките се совршен чистач на крвта.

 

Нутриционитите ги нарекуваат „шумско месо“ бидејќи покрај пријатниот вкус и мирис, поседуваат и исклучителна биолошка вредност.

 

Имаат речиси ист квалитет како и животинското месо, содржат дури 91 процент вода и многубројни минерални состојки, особено калиум, и нешто помалку калциум, фосфор, железо и магнезиум.

Освен тоа, богати се и со билни влакна, а содржат и витамини Б2, Д и Ц. Меѓутоа, биолошки се особено корисни поради белковините, и особено важните аминокиселини. Интересно е дека свежите печурки поседуваат две проценти белковини, а сушените 22 проценти.

Scroll to Top