Со пена за бричење намалете ги изгорениците од сонце

Синди Ален Стјуард од Тексас тврди дека пената за бричење ги намалува изгорениците од сонце. Таа на својот фејсбук-профил прво објавила фотографии од својот црвен грб, па неколку слики направени потоа, откако го намачкала грбот со пена за бричење. Открила и дека овој лек против изгореници од сонце ѝ го кажал нејзината свекрва.

„Пената за бричење треба да е со ментол. Нанесете ја врз изгорениците. Изгледа како чуден ритуал за бричење, но дејствува. Оставете ја да отстои на кожата, не ја тријте. Прво ќе почувствувате топлина и изгорениците ќе ве печат, а по 30 минути пената ќе почне да се претвора во точки. Кога ќе делува како да се исушена, измијте ја“, напишала Синди.

Таа додала дека третманот може да се повтори и наредниот ден ако е потребно, но и дека два третмана се доволни за отстранување на изгорениците.

Иако нема научни докази дека пената за бричење дејствува како заштита од изгорениците од сонце, научниците веруваат дека ментолот што се содржи во многу производи за нега може да помогне.

„Пената за бричење содржи ментол и хемикалии што природно ја ладат кожата“, рекол д-р Џонет Кери, дерматолог во Мајами.

 

Scroll to Top