Расолот и киселата зелка се добри за здравјето. Иако зелката сама по себе е многу здрава и хранлива намирница, процесот на киселење станува уште појак сојузник во чувањето на нашето здравје од здравствени проблеми. При киселењето, зелката од себе испушта течност, а тоа занемарено богаство во народот е познат и под називот – расолница.
Го зајакнува имунитетот
Конзумирањето на расолница особено се приметува во текот на ладните месеци. Есента и зимата со себе носат разни бакерии и веруси кои предизвикуваат здравствени проблеми, а расолницата е преполна со минерали кои го закајнуваат нашиот имунитет. Витамин Ц, витамин Б, калциум, магнезиум, железо и цинк се само дел од богатство кои се кријат во оваа течност.
Ја регулира дигестивноста
Имате проблеми со затворени црева? Ќе ги решите со чаша расолница. Добрите бактерии кои се ствараат во расолнцата при ферментацијата внесуваат баланс во цревната флора и во нејзиното здраво одржување.
Полесно слабеење
Расолницата е нискокалорична намирница, а истовремено содржи многу влакна и витамини и делува како пробиотик, поради тоа важи за одличен додаток во диетската исхрана. Доволно е заситен што може да замени еден меѓуоброк, но исто така ја намалува нездравата маснотија.
Ублажување на мамурлукот
Ако случајно сте испиле премногу џин-тоник со пријателките, сите нуспојави од забавното излегување ќе ги ублажите со чаша расолница која експресно ќе ги надомести изгубените електролити и ќе помогне при хидратацијата на организмот.
Ги зајакнува коските
Важна улога за здравјето на нашите коски има витаминот К2. Тој ги активира протеините кои помагаат при асорпцијата на калциумот, кој е неопходен минерал за хранење на коските. Токму во расолницата и киселата зелка се неоѓа витаминот К2.