Когнитивните проблеми се јавуваат кога поединецот има проблеми со обработка на податоците.
Когнитивните функции се основните предуслови за интелигенција кои ги овозможуваат менталните процеси, ги интернализираат информациите и го саморегулираат телото за да го олеснат учењето и потенцијалот за учење, имајќи предвид дека тие истотака го олеснуваат јазикот, социјализацијата и сл. Карактаристиките на мозокот вклучуваат пластичност, што овозможува да се моделираат структурите и функциите на нервниот систем во текот на животот и им се овозможува на луѓето да стекнат знаење подолго време.
Симптоми што укажуваат на когнитивни проблеми:
- Потешкотии при концентрација, фокус или посветување внимание;
- Ментална конфузија или дезориентација;
- Потешкотии за ориентација;
- Губење на помнењето или заборавеност со одредени работи, особено имиња, датуми и телефонски броеви;
- Потешкотии во врска со расудување или резонирање;
- Недостиг од аритмички, организациски и јазични вештини;
- Проблеми со извршување на повеќе задачи.
Науката докажа дека когнитивните проблеми се намалуваат со флавоноиди. Флавоноидите го одржуваат нервниот метаболизам, ја инибираат функцијата на тромбоцитите и ги намалуваат нивоата на липиди.
Флавоноидите придонесуваат за хомостазата на функцијата на мозокот и на нервотрансмисијата, подобрувајќи го процесот на учење кај возрасни лица со когнитивни оштетувања.