Подгответе сами чај против анемија

Чајот се подготвува многу брзо и од лесно достапни состојки, а потребно е да пиете по една чаша дневно пред ручек.

Кога организмот се бори со недостиг на железо, најдобро е да почнете со здрава исхрана и природни лекови.

Ако сте исцрпени, бледи, бргу се уморувате, лесно останувате без воздух и чувствувате изнемоштеност, треба да го проверите нивото на железо во крвта бидејќи е можно да страдате од анемија.

Анемијата е честа болест кај децата и жените, особено оние кои се во репродуктивна возраст. Се лекува под надзор од лекар, но природните лекови само ќе го забрзаат процесот на оздравување. Затоа подгответе го овој лековит чај од ореви.

Потребни ви се 20 грама свежи листови од орев и еден литар вода.

Во вода варете ги листовите од ореви околу 15 минути, а потоа исцедете. Секој ден пијте по една чаша пред ручек и набрзо ќе ги забележите резултатите, не само на лабораториските наоди, но и генерално ќе се чувствувате подобро.

Scroll to Top