Подобрете го имунитетот со морков и цвекло

By

Сокот од цвекло и морков им се препорачува на луѓето бидејќи ја враќа енергијата, го зголемува имунитетот и ја подобрува крвната слика. Се прави многу едноставно, а единствен недостиг му е тоа што не е многу вкусен. Но, одличен е ако се чувствувате преморени, немате енергија или сте депресивни.

Потребни состојки:

1 килограм свекло
1 лимон
1/2 килограм морков
3 портокали
3 јаболка
1 килограм мед

Начин на подготовка:

Сите состојки се чистат и се ставаат во блендер. Ќе добиете сок со црвеникава боја, кој потоа треба да го ставите во шише или тегла (не е препорачливо да биде во нешто пластично) и да го чувате во фрижидер. Сокот дава неверојатни резултати доколку го пиете наутро на празен стомак. Доволна е половина чаша секој ден.

Ќе ви се допадне