Подобрете го помнењето со печурки

Научниците велат дека не постои директна поврзаност меѓу консумирањето печурки и работата на мозокот, ама дека лицата што јадат печурки двапати неделно помнат подобро.

Едно неодамнешно истражување на научници од Сингапур покажало дека редовното консумирање печурки, пред сè шампињони, може да помогне да се зачуваат когнитивните функции кај постарите личности. Во истражувањето биле вклучени преку 600 лица постари од 60 години и нивниот начин на живот и режим на исхрана биле следени во текот на 6 години. Тие заклучиле дека иако не може да се тврди дека постои директна поврзаност меѓу шампињоните и мозочните функции, сепак, ризикот од полесни когнитивни тегоби на овој начин е намален за 43%. Со порции неделно овој ризик се намалил за 52 отсто.

Тие додаваат дека шампињоните во себе имаат антиоксиданти кои спречуваат таложење на бета-амилоидите и тау-протеините во мозокот, а тоа е присутно кај Алцхајмеровата болест.

Scroll to Top