Новите истражувања покажаа дека попладневната дремка не треба да e подолга од 40 минути зашто во спротивно ќе се нарушат циклусите на спиење, како и биоритамот на човекот.
Според експертите, секој од нас е биолошки програмиран да спие во поголемиот дел од ноќта, а потоа да одмори кратко еднаш во текот на денот. Температурата на човечкото тело најмногу паѓа меѓу 13 и 15 часот и затоа тогаш почнуваме да се чувствуваме поспани.
Испитувањата опфатиле 300.000 лица, а резултатите покажуваат поврзаност меѓу попладневната дремка и развојот на т.н. метаболистички синдром, што вклучува покачена тежина, висок крвен притисок и повисоко ниво на холестерол. Истражувањето беше презентирано на годишната конференција на Американскиот колеџ за кардиологија.
Според податоците, ако човекот спие преку ден повеќе од 40 минути, телото замислува дека е во состојба на длабок сон, што значително влијае на метаболизмот. Поради ова, човекот може да биде дури и поуморен по спиењето отколку пред него.
Луѓето што спијат најмногу половина час попладне се чувствуваат поведро, поодморено и посвежо, а во случај на подлабок сон мозокот оди во фаза на бавни бранови по што речиси секогаш се чувствуваме уморно и дезориентирано.