Секој витамин има своја улога и функција во организмот. Витаминот А е првиот откриен витамин затоа и е именуван според првата буква во азбуката. Овој витамин уште се нарекува и елискир на младоста поради волшебното дејство врз кожата и се нарекува уште и витамин на раст.
Витаминот А е растворувач на масти, познат во две форми – ретинол и каротин (провитамин А). Тој не се произведува во организмот, затоа треба да се надополнува преку исхраната. Но не треба да се земаат големи количини витамин А поради опасноста од настанување на хипервитаминоза. Организмот задржува голема количина витамини во црниот дроб.
Зошто е важен витаминот А:
Чувар на здравјето на очите
Витаминот А е клучен за одржување на здравјето на очите. Недостигот на овој витамин може да доведе до ксерофталмија (оштетување на рожницата на окото) и кокошкино слепило (ноќно слепило).
Ја подмладува и лекува кожата
Овој витамин помага за лекување на акни, егзема, псоријаза, изгореници и други кожни заболувања. Ги подобрува цврстината, еластичноста и функцијата на кожата и кожните жлезди. Го поттикнува создавањето колаген и штити од појава на брчки. Се смета дека ретинолот има способност да ја пегла кожата и да ги острани брчките до одреден степен.
Го зајакнува имунолошкиот систем
Витаминот А е силен имуностимулатор. Без силен имунолошки ситем организмот е подложен на вируси и заразни болести.
Помага при раст и развој на коскениот систем
Каротинот го помага растот и развојот на здрав коскен систем. Витамин А е неопходен и за добрата состојба на непцата, забите, косата и ноктите. Недостиг на витамин А во организмот доведува до губење на косата, сува и кршлива коса.
Помага при дигесивни проблеми
Науката докажа дека овој витамин е одличен додаток за лекување на одредени цревни болести. Некои студии покажале дека со редовно користење се намалува ризикот за појава на чир до 50 осто.