Природен лек за синуси

Синуситисот е проследен со силна главоболка или напнатост при врвот на носот, над вегите или, пак, образите, а на многумина против таквите болки не им помагаат класичните аналгетици. Наместо да пиете такви препарати, обидете се со природно решение.

Неверојатен сојузник во борбата против синусите е – ренот. Измиете го, ставете во тегла па прелијте со вински оцет, а потоа добро затворете. Смесата држете ја десет дена на собна температура со повремено мешање.

 

Пое десет дена, неколкупати дневно отворете ја теглата и длабоко вдишете го мирисот на рен по пет минути. Истата течност ноќта нанесете ја на крпа или газа и преминете по челото или ставете ја во тој предел. Терапијата трае пет дена, а токму толку ќе ви бидат потребни да се ослободите од незгодните главоболки.

Едно од решенијата е и да наберете 50 грама рен, да го ставите во пет децилитри вода и да го сварите. Споменатата мешавина искористете ја за инхалација (ставете ја главата над садот и длабокот вдишете неколку минути).

Scroll to Top