Природни лекови против чешање на кожата

Чешање на кожата се јавува од повеќе причини. Каснувања од инсекти и алергиска реакција се едни од најчестите причинители.

Оваа состојба може да се појави на мали делови од телото, како што се рацете или нозете, но исто така може да почувствувате чешање по целото тело. Понекогаш чешањето на кожата трае долго време и предизвикува многу интензивно чувство. Додека го гребете или триете тоа место, само го интензивирате чешањето.

Ако чешањето трае повеќе од две недели и покрај сè што сте зеле, нема подобрување, не заборавајте да се консултирате со вашиот лекар или дерматолог.

Во прилог се неколку природни начини за ублажување чешање на кожата.

  • Алое вера

Помага при лекување изгореници, но и при чешање на кожата. Се зема лист, се сече на половина, а потоа се зема гелот од алое вера и се истура на делот што нѐ чеша.

  • Босилек

Се нанесува чај од босилек на кожата. Се подготвува со додавање 15 грама сушен босилек во половина литар топла вода. Се остава да стои покриен додека да се олади. Се натопува крпа со подготвениот чај и се става на јадежот.

  • Нане и мајчина душица

Може да се исплакне и делот со јадеж на кожата со нане. Нането влијае антиинфламаторно и анестетички. Мајчината душица има сличен ефект – спречува воспаление на кожата предизвикано од чешање.

  • Лимон

Се цеди малку лимон на местото на кожата што нѐ чеша и се остава да се исуши. Лимонот е природен анестетик, дејствува антиинфламаторно и помага при чешање.

  • Сода и овесна каша

Содата може да ја користиме во бања или да подготвиме паста што ќе ја нанесеме на кожата. Се користи во сооднос 3 лажици сода бикарбона со една лажица вода. Не се користи на отворени рани или испукана кожа. Овесната каша се употребува во бањата. Две чаши овесна каша се додаваат во топла вода.

Scroll to Top