Природни маски против мрсна коса

Претераното лачење себум во жлездите е главен виновник за мрсната коса. За мрсна коса придонесуваат и нечистотиите и прашината што се лепат за неа кога сме надвор. Постојат природни решенија за проблемот со мрсната коса – лимон, чај, јогурт и јајца…

Црн чај

Црниот чај содржи танинска киселина која спречува таложење на вишокот масти на скалпот и ги стеснува порите. Во вода ставете една до две лажички црн чај и пуштете го да проврие. Извадете ги листовите и оставете го чајот да остине на собна температура, а потоа исплакнете ја косата. Оставете го да делува пет минути, па исплакнете со чиста вода.

Лимон или јаболков оцет

Исцедете лимон во вода. Доколку се одлучите за јаболков оцет, ставете две до три лажици во водата. Откако ќе ја измиете косата, врз неа ставете ја течноста со лимон или јаболков оцет. Оставете да делува неколку минути, па исплакнете ја со вода.

Јогурт

Пробиотиците во јогуртот помагаат да се одржува природната PH-вредност на кожата на главата. Киселините во јогуртот помагаат да се намали присуството на габи и бактерии на кожата на главата. Јогуртот нанесете го на косата и втријте го во кожата на главата. Оставете го да делува неколку минути, па измијте ја косата.

Јајца

Изматете 1 јајце и втријте го во косата и кожата на главата. Оставете да делува неколку минути па измијте ја косата со шампон. Ова ќе го отстрани мирисот на јајца.

Scroll to Top