Природни начини да уништите хеликобактер

Хеликобактер е бактерија која шири инфекција во желудникот и дванаесетпалечното црево. Многу болести на овие органи се поврзани со присуство на оваа бактерија во организмот. За лекување на оваа бактерија се препишуваат специјални антибиотици и пробиотици и третманот на лекувањето трае околу две седмици. Но, покрај современата медицина, во лекувањето на оваа бактерија може да ви помогнат и природни лекови кои даваат одлични резултати.

Ленено семе ​

1 лажица ленено семе прелијте со 200 мл зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои 2-3 часа. Процедете и земајте по 1 супена лажица пред секој оброк. Вака добиената слуз има позитивно влијание на желудникот бидејќи ги обложува ѕидовите на желудникот и ја намалува болката.

Сок од компир

За да го приготвите сокот, земете три компири со средна големина, добро измијте ги и излупете ги, па ставете ги во соковник. Испијте половина чаша сок пред оброк. Дејствува смирувачки за желудникот и ја намалува болката.

Сок од зелка 

Исцедете сок од помала главица зелка. Пијте по половина чаша еден час пред оброк. Сокот од зелка е погоден за обновување на ткивото. Во двата случаја (кај зголемена или намалена киселост) направете смеса, која одлично го штити желудникот и ги намалува болките.

Прополис

Земајте по 10 капки со една чаша вода, пред секој оброк. Третманот се завршува кога ќе испиете 100 мл од тинктурата. Не консумирајте прополис додека пиете антибиотици.

Scroll to Top