Природни решенија против висок притисок

Високиот притисок го намалуваат кромидот и лукот, сокот од домати, чај од глог, омега 3 киселините кои ги има во рибата, покажале неколку научни истражувања. Затоа, ако имате висок притисок во исхраната додадете некои од овие намирници.

Лук
Научно е докажано дека алицинот, материја која се наоѓа во лукот, го намалува притисокот дури и кај луѓето со тежок облик на хипертензија. Лукот е корисен и за целокупниот кардиоваскуларен систем бидејќи ги штити крвните садови од оксидативни и воспалителни процеси.

Кромид
Кромидот има слични лековити својства како лукот. И тој содржи алицин, но и растителен хормон сличен на инсулин. Затоа е добар избор за дијабетичарите, оти во лесен облик на болеста може да влијае на регулирање на шеќерот во крвта.

Сок од домати
Го намалува крвниот притисок, а ја спречува и појавата на тромбоза така што ја намалува можноста за лепење на тромбоцитите. Но, сокот од домати е препорачливо да се пие со сол.

Чај од глог
Овој чај го стабилизира крвниот притисок, па може да се пие и ако имате нозок притисок. Глогот е меѓу најлековитите билки кои помагаат ако имате проблеми со срцето.

Магнезиум
Овој минерал учествува во бројни процеси во организмот, а важна улога има и во процесот на регулирање на крвниот притисок. Секојдневното внесување на доволно количество магнезиум, меѓу другото спречува настанување дијабетес и артериска хипертензија.

Омега 3 киселини
Омега 3 масните киселини се препорачливи за сите што имаат висок притисок. Најмногу ги има во рибата, семките од лен, тиква, ореви и маслиново масло.

Останати продукти
Природни средства кои го намалуваат притисокот се: целер, магдонос, овес, црн чај, зелен чај, лаванда и коприва, па затоа се препорачува да ги вклучите и нив во својата исхрана.

Scroll to Top