Ново истражување на американски научници предвидува дека САРС-КоВ-2, или Ковид-19 со текот на времето ќе стане помалку заразен и дека ќе се појавува сезонски, заедно со други патогени од семејството на коронавируси кои предизвикуваат лесна настинка. Сепак, прашањето е кога тоа ќе се случи.
Ова ќе се случи само кога САРС-КоВ-2 ќе стане ендемичен вирус и веќе нема да предизвикува масовни инфекции или сериозни болести, велат научниците од Државниот универзитет „Penn State“ и „Emory“.
Нивната студија е објавена во списанието „ Science.“.
„Кога вирусот ќе достигне ваква ендемска состојба, зависи од брзината на неговото ширење и од брзината на вакцинирање“, изјави за „Њујорк тајмс“, водечката авторка на студијата Џени Лавин од „Емори“. „Значи, потребно е што побрзо да се изложат сите на вакцината“, истакнала Лавин.
Нивното истражување се заснова на шест човечки коронавируси, од кои четири редовно се шират меѓу луѓето и предизвикуваат само благи симптоми. Другите два, тежок акутен респираторен синдром (САРС) и респираторен синдром на Блискиот Исток (МЕРС), се појавија во последно време и резултираат со висока смртност, но имаат слична генетика како коронавирусот што предизвикува Ковид-19.
Научниците сè уште проучуваат колку долго траат антителата и другите имунолошки клетки по лежењето. Досегашните откритија сугерираат дека имунитетот што ја блокира инфекцијата е релативно краток, но затоа имунитетот кој ги ублажува симптомите е долготраен.
Ова значи дека некое лице може да се зарази со коронавирус неколку пати, но секој пат не би било толку сериозно како првиот, што е слично на влијанието на обичните настинки врз телото.
Кога повеќето луѓе ќе добијат заштита од ковид, или преку природна инфекција или вакцинација, само малите деца ќе бидат изложени на коронавирус, а нивните болести се лесни.
Но, без масовна вакцинација, ќе бидат потребни години со многу смртни случаи, велат научниците.
Дури и во случај на појава на нови видови вирус, како што е оној што штотуку се шири во Велика Британија, научниците тврдат дека имунитетот стекнат од претходните видови „е доволно силен за да спречи сериозна болест“. Исто како што е случај со четирите коронавируси кои предизвикуваат настинки во кои имунитетот се зајакнува со секоја нова болест.