Производи што треба да ги јадете за да имате рамен стомак

Рамниот стомак се прави во кујна! Постојат 11 производи кои ќе ви помогнат да ги изгубите килограмите, само ако ги внесувате правилно. Нутриционистите и лекарите повторуваат дека за рамен стомак е потребно 70% правилна исхрана, а 30% физичка активност.

Не морате да гладувате за да имате рамен стомак. Напротив, треба да јадете за да ослабете. Погледнете кои производи вреди да ги вклучите во исхраната за да уживате во витката фигура, да имате рамен стомак и повеќе енергија.

1. Зеленчук

Јадете зелје! Благодарение на тоа, ќе го обезбедите телото со голема количина на диетални влакна, поради што долго време ќе бидете сити. Особено внимание обратете на зеленчукот како што е брокулата, гравот и зелката.

2. Леб од полно зрно

Бирајте леб од житарици. Традиционалниот леб брзо ќе ви го поткрене шеќерот во крвта. Како последица на тоа, телото ќе ви ослободи кортизол и адреналин, кои се дизајнирани да ја стабилизираат ситуацијата во телото. Ова допринесува за складирање на масти. Затоа е подобро да се откажете од пченичниот леб и да го замените лебот од чисто зрно, кој не предизвикува такво брзо зголемување на шеќер во крвта.

3. Здрави масти

Задолжително вклучете здрави масти во својата исхрана. Маслиново масло, авокадо, ленено масло и ореви би требало трајно да влезат во вашата исхрана. Нутриционистите сугерираат дека билните масти потпомагаат при намалувањето на апетитот и го забрзуваат метаболизмот, а со самото тоа и губење на килограми.

4. Риба

Добар квалитет на протеини кој е еден од најбавните хранливи материи за варење. Покрај тоа, содржи омега-3 и полунезаситени масти кои имаат влијание врз брзината на метаболизмот. Маслото содржано во рибата е гориво за метаболизмот. Затоа, во своето секојдневно мени внесете лосос, туна, сардини, пастрмка и скуша.

5Цимет

Овој неупадлив зачин е многу важен за нашето тело. Екстрактот од цимет се додава во препаратите за слабеење. Всушност, доволно е да консумирате една кафена лажичка зачин дневно за да се решите од маките со гладот и да го смалите апетитот за слатки. Зошто ова се случува? Активните супстанци го стабилизираат нивото на инсулин, хормонот одговорен за метаболизмот на јаглените хидрати.

6. Јајца

Студиите покажаа дека леуцинот, еден од аминокиселините кои се наоѓаат во јајцата, може да ви помогне при губењето на килограми и стабилизирањето на нивото на шеќер во крвта. Покрај тоа, јајцата се богат извор на протеини, калциум, фолна киселина и омега 3.

7. Целер

Содржи многу калиум кој го трга вишокот вода од телото. Сепак бидете внимателни и не претерувајте со неговата количина.

8.Ореви

Тие ќе ви помогнат при одржувањето на идеалната тежина, затоа што содржат масти кои можат да го забрзаат метаболизмот. Меѓутоа, не можете да јадете во килограми. Една шака ореви има 200 калории, па обидете се да не ја преминете оваа количина дневно.

9. Пробиотици

Дали сакате да имате рамен стомак? Јадете пробиотици! Овие производи содржат живи бактериски култури кои имаат многу  добро влијание врз бактериската флора на дебелото црево. Пијте кефир, кој содржи 8 есенцијални аминокиселини кои мораме да ги обезбедиме во исхраната, затоа што нашето тело не е во состојба самиот да ги произведе. Притоа, кефирот е богат со хранливи состојки (витамини од групата Б, калциум и протеини), благодарение на што се јакнат коските и се подобрува варењето.

10. Аспарагус

Тоа е непопуларен зеленчук кој содржи квалитетни хранливи состојки. Тие имаат малку калории, поради што често им се препорачува на луѓето кои се на диета. Аспарагусот е ваш сојузник во борбата за рамен стомак затоа што ја спречува надуеноста.

11. Лимон

Содржи полно витамин Ц, поради што помага при борбата против задржувањето на течности. Затоа обидете се да пиете малку вода со лимон – најдобро е откако ќе се разбудите. Ако не сакате само лимонска вода, додадете и малку мед. Лимонската вода е многу здрава и секогаш можете да ја имате со себе. Сè што треба е да ја подготвите дома во шише.

Scroll to Top