Пронајден е нов орган во човечкото тело

Научниците открија нов орган во човечкото тело, наречен интерстициум. Истражувачите од медицинскиот центар „Лангон“ во Њујорк идентификуваа нов вид орган кој би можел да биде најголем во телото.

Според нив, она што претходно се сметаше за густо сврзно ткиво што се протега низ целото тело е всушност мрежа од комори исполнети со течност. Таа служи како еден вид „амортизер“, односно е орган за апсорпција на удари.

Ова откритие не само што ќе помогне подобро да го разбереме начинот на кој функционира човечкото тело туку исто така одговора на прашањето зошто ракот се шири побрзо кога ќе достигне одредени делови на телото.

Овој орган се состои од поврзани делови кои се однесуваат како проток на течност, а се протегаат од површинскиот слој на кожата, преку дигестивниот тракт, белите дробови и уринарниот систем, до крвните садови.

Scroll to Top