Против алергии со џин-тоник

Во сезоната на алергии напијте се чашка џин-тоник и намалете ги нивните симптоми, советуваат нутриционистите. Тие велат дека иако алергиите се третираат со антихистаминици, нивните симптоми може да ги олесни чаша џин-тоник. Овој пијалак не ги лекува алергиите, но ги ублажува, додаваат експертите.

Хистаминот и сулфитот се супстанции кои ги влошуваат алергиските реакции и се наоѓаат во одредени видови храна и алкохолни пијалаци, најчесто во потемните и ферментираните, како црвено вино и пиво. Од друга страна, џинот и тоникот во себе имаат само мала количина хистамин, а џинот воопшто не содржи сулфит, освен ако производителот потоа не го додаде во пијалакот.

Поради оваа причина, овој коктел може да ги отвори дишните патишта и да ги намали алергиските симптоми.

Scroll to Top