Против анемија со зелена салата

Зелената салата која е богата со целулоза и железо помага да се подобри имунитетот, тврдат нутриционистите. Таа е ефикасна при нередовна столица, а им помага и на луѓето што се анемични. Затоа, се препорачува да јадете марула барем еднаш во текот на денот или еднаш на два дена.

Поради големата количина железо, марулата е погодна за луѓето што страдаат од анемија. Таа е соодветна замена на прехранбените адитиви со железо бидејќи е природен извор на железо, а тоа се апсорбира многу побргу во организмот.

Луѓето што имаат проблем со тврда столица исто така треба да јадат марула. За да го забрзате метаболизмот, направете салата од марула и јаболка.

Совет: Покиснете ги листовите марула барем 15 минути во ладна вода пред да ги исечкате за салата. Така ќе паднат хемикалиите останати по површината на лисјата.

 

Scroll to Top