Против несоница со магнезиум

Дали несоницата станала ваша реалност? Ако некогаш сте го искусиле овој проблем со недостаток на сон, тогаш знаете колку сериозен може да биде. Отежнатото заспивање, тешкото задржување на сонот во континуитет, како и генералната потешкотија да го опуштите мозокот и да се одморите, не се занемарливи проблеми. Можеби веќе сте користеле некои препарати на растителна база кои ветувале подобрување, но дали некогаш сте ја разгледале можноста дека проблемот е во недостатокот на магнезиум?

Овој минерал игра важна улога во бројни телесни функции. Задолжен е за оптимално функционирање на метаболизмот, го регулира шеќерот во крвта, здравјето на коските, а помеѓу останато допринесува и за функција на нервите и мускулите, секако игра пресудна улога кога сонот е во прашање.

Дали магнезиумот навистина може да го подобри квалитетот на сон?

Според последните истражувања докажано е дека може. Пред сè, неговата улога е во тоа што го овозможува земањето на протеини и во претворањето на истите во хемикалии кои ви помагаат да се чувствувате поспано. Магнезиумот помага и при смирување на нервниот систем, постигнувајќи ја неговата ефикасност. Освен тоа, ги опушта мускулите и нервите поради што во голема мера допринесува за квалитетен сон. Исто така магнезиумот е одговорен и за одржувањето на нивото на невротрансмитерите кои се одговорни за „исклучување“ на будноста.

Кои се другите благодати на магнезиумот?

Магнезиумот влијае врз зголемувањето на нивото на допамин во телото, кој е одговорен за вашето добро расположение. Исто така доколку страдате од чести мигрени, магнезиумот во голема мера може да ги олесни. Особено е препорачлив за жените кои страдаат од симптомите предизвикани од ПМС.

Како можете да дојдете до губиток на магнезиум во организмот?

Магнезиумот во најголема мера се внесува во организмот преку исхраната. Личностите чија храна не им е урамнотежена, многу веројатно е дека ќе го искусат неговиот недостаток. Одредени болести на цревниот тракт и пречестата употреба на лаксатив можат да доведат до губење на магнезиумот.

Scroll to Top