Болната и непријатна дијализа може да стане минато благодарение на иновативниот вештачки бубрег, чиј прототип веќе беше успешно демонстриран во САД.
Американското Министерство за здравство и човечки услуги (ХХС) и Американското здружение за нефрологија (АСН) формираа партнерство со намера да ги забрзаат иновациите во превенцијата, дијагнозата и третманот на бубрежните заболувања.
Резултатот од нивната соработка е првиот вештачки бубрег. Пронајдокот е развиен како дел од Kidney Project, а станува збор за имптантибилен био-вештачки бубрег кој веќе доби награда од 650.000 долари за првата демонстрација како функционален прототип.
„Визијата за вештачки бубрег е да им се овозможи на пациентите целосна подвижност и подобри физиолошки резултати од дијализата. Овој бубрег ветува многу подобар квалитет на живот за милиони луѓе ширум светот кои доживеале бубрежна инсуфициенција“, се вели во соопштението.
Предноста на бубрегот е тоа што не предизвикува реакција на имунолошкиот систем, како и фактот дека пациентите би можеле да се ослободат од често болната и непријатна дијализа, како и од лековите кои го потиснуваат имунитетот во случај на трансплантација на бубрег.
Постои и ризик телото на пациентот да го отфрли органот и затоа дијализата е сепак најодржливата опција иако процесот е комплициран и напорен за пациентите.