Жена од Флорида го родила првото бебе во светот што има антитела на коронавирусот, тврдат лекарите.
Објавено е мислењето на двајцата педијатари што дошле до ова сознание, а нивното тврдење допрва треба да биде потврдено.
Лекарите Пол Гилберт и Чед Радник велат дека мајката првата доза ја примила во јануари, во 36-тата недела од бременоста.
Се породила три недели подоцна кога на свет донела здраво девојче. Во јануари на девојчето му е земен примерок од крвта и извршен му е ДНК-тест.
Анализирајќи ја крвта од папочната врвка на бебето биле детектирани антитела, па докторите сметаат дека ова дава надеж за потенцијална заштита од инфекција, со што би се намалил ризикот од SARS-CoV-2 преку вакцинација на мајката.
„Ја тестиравме да видиме дали мајчините антитела се пренесуваат на бебето. Според нашите први сознанија, ова е првото бебе на светот родено со антитела по вакцинација на мајката“, рече педијатарот д-р Пол Џилберт.