Пуканките не дебелеат

Експертите велат дека пуканките не дебелеат и дека можете да јадете и по една порција пуканки дневно. Пуканките се одличен извор на протеински влакна, кои денеска недостигаат во исхраната. Просечен човек дневно во организмот внесува помеѓу 10 и 15 грама влакна, што е околу половина од потребната количина што треба да се внесува во текот на денот. Тој недостиг може да се надополни со консумирање на само 100 грама пуканки дневно.

Пуканките имаат низок процент на шеќери, малку натриум и холестерол, односно заситени масти.

Експертите препорачуваат индустриски преработените пуканки да не се прелеваат со различни додатоци од делумно хидрогенизирани растителни масла, вештачки ароми, додатоци за посилен вкус и висок процент на сол, оти тие всушност го зголемуваат вишокот килограми.

 

Scroll to Top