Рибиното масло помага да ги оставите цигарите

Рибино масло во форма на омега-3 масни киселини може да ви помогне да се откажете од цигарите, тврди д-р Шарон Рабиновиц Шенкар од Универзитетот на Хаифа, Израел. Истражувањата покажаа дека овие пушачи пушат 10 отсто помалку цигари, односно почнале да чувствуваат помала желба за пушење. Кај групата испитаници која била подложена на плацебо ефект, немало намалување на бројот на испушени цигари на ден.

Недостигот на омега-3 масни киселини често се сретнува кај хроничните пушачи. Кај човекот тоа води до оштетување на нервните клетки и врската меѓу нервите во делот на мозокот којшто е одговорен за контрола на потребите. Тој своевиден прекин на доток информации, пак, влијае на потребата од цигари.

Д-р Шенкар смета дека резултатите од експериментот покажуваат дека омега-3 масните киселини се „човеков сојузник при откажувањето од цигарите“ и за разлика од други средства, тие не предизвикуваат несакани појави.

Scroll to Top