Руколата го намалува ризикот од рак и ја прочистува крвта

Руколата од неодамна е позастапена во домашната кујна, а поради своите лековити својства треба да ја конзумирате често. Велат, таа лекува, подмладува и ги топи килограмите.

Руколата лекува многу болести, а најмногу се применува за лечење срце и како антиканцерогено средство. Таа претставува природен антибиотик, го регулира варењето, се користи за лекување чирови, хронични констипации, проблеми со кашлањето, настинки, остеопороза и слични заболувања. Руколата е корисна бидејќи ја прочистува крвта, го поттикнува лекувањето на болести на црниот дроб и ја намалува можноста за појава на рак, особено рак на дојката и на белите дробови.

Листот од рукола е исклучително богат со витамини, па затоа сѐ повеќе луѓе ја одгледуваат. Не ѝ треба посебна нега. Добро поднесува високи температури и не бара премногу сончева светлина, а отпорна е на мраз и температури под нулата.

Руколата содржи високо ниво на фолна киселина и антиоксиданси, како што се витамините Ц, К и А, па затоа успешно се бори против слободни радикали. Полна е со каротеноид, но и со други минерали, како што се калиум, манган, железо и калциум.

Руколата има уште една многу важна примена, а тоа е слабеењето и симнување вишок килограми. Се препорачува и за дијабетичари. Благодарение на нејзините својства, ги симнува дури и најупорните масни наслаги на стомакот.

Ако редовно јадете рукола, ќе ја подобрите состојбата на коските и на забите. Исто така, со внесување рукола во организмот, можете да ја подобрите крвната слика, да ги решите проблемите со високиот крвен притисок, шеќерот и варењето.

Scroll to Top