Промената на температурите го намалува имунитетот на луѓето, особено во есенскиот период. Рускиот академик Амосов препорачува мешавина од природни лековити состојки, која е одлична за овој период од годината, а кои помагаат да се подобри имунитетот на луѓето. Тој оваа мешавина им ја давал на своите пациенти при постоперативна нега.
За овој лек се потребни по 200 грама суво грозје, суви кајсии, суви смокви, ореви, мед (по потребата) и еден лимон со кора. Сите состојки сомелете ги во сецко или во машина за мелење месо. Додадете го медот и измешајте. Распоредете ја смесата во тегли и чувајте ја во фрижидер. Пред да ги мелете, сите состојки треба да отстојат во превриена вода неколку часа.
Возрасни и деца над 6 години може да земаат по две лажички на ден од овој лек, една наутро на празен стомак и една пред спиење со млеко или со чај.